Македонски владика со бугарска црковна делегација ќе го донесе Велигденскиот благодетен оган

106

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска се сретна со старозагорскиот митрополит Кипријан, кој е раководител на Комисијата за признавање на статусот на МПЦ – Охридска архиепископија, пренесе БГнес.

Комисијата беше формирана кон крајот на 2017 година, на барање на МПЦ за соседната БПЦ да придонесе кон признавањето на нејзиниот статус во екуномската заедница.

За време на средбата меѓу премиерот Борисов и миторполитот Кирпијан станало збор за начинот на кој од Ерусалим бугарска црковна делегација ќе го донесе Велигденскиот благодетен оган и ќе и го предаде на претставник на МПЦ-ОА.

Бугарија првпат благодетен оган и предаде на Македонија минатата година.

Токму старозагорскиот владика Кипријан годинава ќе патува во Ерусалим по благодетниот оган, а при посетата, што ќе се реализира со бугарскиот  владин авион, за првпат во црковнста делегација ќе се наоѓа и македонски епископ, што била изричита молба на МПЦ.

Фото: EPA/ABIR SULTAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...