Македонски автобус се преврте во Србија на патот за Копаоник, еден потешко повреден, а 11 патници полесно

Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце. Крајната дестинација на патниците бил Копаоник.

1828
Foto Prinstskrin

Македонски автобус утрово се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции.

Се дознава дека крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата.

ОБНОВЕНО: Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС, пренесе МИА.

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

– Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега, не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...