Македонските фудбалери напреднаа едно место на најновата ФИФА ранг листа

Сега се наоѓаме на 68-то место. Прогресот на Северна Македонија е по победата над Словенија во октомврискиот прозорец од квалификациите за ЕУРО 2020.

51

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од едно место на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега се наоѓа на 68-то место.

Прогресот на Северна Македонија е по победата над Словенија во октомврискиот прозорец од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на октомвриското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 21. место, Австрија е 25-та, Словенија се наоѓа на 65. позиција, Израел е 89-ти, додека Летонија е 143-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 114. место..

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија Аргентина и Колумбија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 28 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...