Македонските филмски работници бараат ослободување на Олег Сенцов

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов, демонстрант во протестите Еуро Мајдан во Киев и противник на анексијата на Крим од Русија, повеќе од 90 дена штрајкува со глад во рускиот затвор Колонија бр. 8.

475

Друштвото на филмски работници на Македонија во отворено писмо до Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија бара  од руските власти да го ослободи украинскиот филмски режисер Олег Сенцов.

Друштвото се приклучи на иницијативата за одбележување на денот на Сенцов.

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов, демонстрант во протестите Еуро Мајдан во Киев и противник на анексијата на Крим од Русија, повеќе од 90 дена штрајкува со глад во рускиот затвор Колонија бр. 8, кој иронично се нарекува затвор на белите мечки, бидејќи се наоѓа северно од поларниот круг.

– Нашиот колега Олег Сенцов издржува дваесетгодишна драконска затворска казна во најсурови услови поради јавно искажан став. По тримесечното гладување, Олег загуби 30 килограми, исцрпен е до крајни граници и му се заканува смрт – велат од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Друштвото кое во многу наврати оставри тесна соработка со руски авторитети од областа на културата и филмот, во име на слободата на изразувањето и во знак на солидарност со Олег Сенцов, преку Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, до руските власти и претседателот Владимир Путин, упатува апел за негово итно ослободување.

Европската филмска академија го прогласи вчерашниот ден 14ти Август за ден на Олег Сенцов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...