Македонските средношколци со знаење се на 67. место од 79 земји

Македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки.

259
ФОТО: Архива

Северна Македонија е рангирана на 67 место по минатогодишното меѓународно тестирање ПИСА на средношколци на возраст од 15 години. Резултатите денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според нив, македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

На прво место на листата на ОЕЦД е рангирана Кина, второто е за Сингапур, на трето и четврто се Макао (Кина) и Хонг Конг (Кина). Од европските земји најдобра е Естонија, која е на петто место, а државите во регионот сите освен Косово (75 место) се рангирани пред нашата земја – Словенија (21), Хрватска (29), Србија (45), Црна Гора (52) и Босна и Херцеговина (62).

Лани беа опфатени околу 5.500 средношколци од јавните гимназии во земјава, кои беа тестирани во трите категории. Меѓународната програма за тестирање на знаење и вештини на ученици е почната во 2000 година со цел да ги процени знаењата на учениците за наука, математика и писменост.

Македонските средношколци ПИСА тест полагаа во 2000 и во 2015 година кога се добиени резултати под меѓународниот просек. На тестот пред четири години Македонија беше рангирана на дното на листата од 72 земји во светот, заедно со Тунис, Косово, Алжир и Доминиканска Република.

Секој четврти ученик во земјите членки на ОЕЦД не може да ги извршува наједноставните задачи во разбирањето на читањето, што значи дека веројатно ќе има проблеми да успее во сѐ повеќе нестабилниот и дигитален свет. Ова е едно од наодите од последното Глобално истражување ПИСА на ОЕЦД, кое ги проценува квалитетот, правичноста и ефикасноста на училишните системи. Во студијата е опфатена и нашата земја, многу ниско на ранг листата, иако таа е меѓу земјите кои постигна најдобри резултати од студијата направена во 2018, а објавена денес во споредба со таа од 2015, јави дописникот на МИА.

Околу 600.000 15-годишни деца во 79 земји и економии ги поминаа тестовите ПИСА 2018 во читање, наука и математика, повеќето од нив се компјутерски, додека во Северна Македонија тие беа писмени тестови. Акцентот овој пат беше ставен на разбирањето на читањето.

Повеќето земји, особено развиените, бележат мало подобрување во текот на изминатата деценија, и покрај зголемувањето на трошоците за образование од 15% за истиот период. Во читањето, студентите во Пекинг, Шангај, Жиангсу и Бjеџијанг (Кина) и Сингапур постигнаа значително подобруи резултати од оние во другите земји. Водечките земји на ОЕЦД се Естонија, Канада, Финска и Ирска.

– Без здраво образование, младите луѓе ризикуваат да останат на маргините на општеството, не можат да се справат со предизвиците на утрепниот свет на трудот  и нееднаквостите ќе продолжат да се шират – предупреди генералниот секретар на ОЕЦД, Ангел Гурша, по повод презентацијата на извештајот во Париз.

Постојат значителни разлики во тоа како перформансите на некои земји и економии се развија во периодот помеѓу 2015 година и 2018 година. На пример, просечните перформанси во математиката се подобриле во 13 земји и економии меѓу кои и во Република Северна Македонија.

Просечно македонските ученици добиле 393 поени за разбирање на читањето – средната оценка на ОЦДЕ е 487, 394 за математика а средната оценка на ОЦДЕ е 489 и 413 за наука под средната оценка на ОЦДЕ од 489.

Споредба на перформансите на земјите и економиите во разбирањето на читањето осум земји се со просечни оценки под просекот на ОЕЦД (Саудиска Арабија, Аргентина, Јордан, Либан, Молдавија, Република Северна Македонија, Романија и Украина) во 2018 година.

Постојат значителни разлики во начинот на кој се менуваат резултатите на некои земји и економии меѓу 2015 и 2018 година. Така, просечното разбирање во читањето е зголемено во 4 земји и економии меѓу кои и во Република Северна Македонија, притоа нашата земја е меѓу земјите каде резултатот за читање односно разбирање на текст нагло и најмногу се зголеми за 41 поен) за споредба во Турција тоа е 37 поени, но исто и во Макао (Кина) и Сингапур (помеѓу 10 и 20 поени).

Во просек, во земјите на ОЕЦД, резултатот не се промени значително во математиката или науката помеѓу 2015 година и 2018 година. Во математиката, резултатот се намали во само 3 земји и економии (во Малта, Романија и Кинески Тајпеј), но се зголеми за повеќе од 10 поени во 11 земји и економии (во Албанија, Јордан, Латвија, Макао (Кина), Црна Гора, Северна Македонија, Перу, Полска, Катар, Словачка Република и Турција). Тој особено се зголеми во Турција (33 поени), Албанија (24 поени) и Северна Македонија (23 поени).

Во науката, зголемувањето на просечните оценки е многу поретко. Помеѓу 2015 и 2018 година просечната оценка се зголеми за повеќе од 10 поени во само четири земји и економии: Турција (43 поени), Северна Македонија (29 поени), Јордан (21 поен) и Макао (Кина) (15 поени).

Просечното знаење на учениците значително се зголеми во 2 од 3-теобласти во текот над проценките на ПИСА во 12 земји и економии: во читање и математика во Естонија, Израел, Црна Гора, Полска, Романија, во Руската Федерација и во Србија; по математика и наука во Грузија, Малезија, Македонија и во Турција; и во разбирањето на читање и наука во Сингапур.

ПИСА ги идентификува и државите што постигнале значителен напредок во постигнувањето на целта да се осигура дека сите деца имаат минимално ниво на владеење во читањето и математиката на крајот од првиот циклус на средното образование. Во разбирањето на читањето, процентот на учениците кои го надминале нивото на минимална компетентност се зголеми за повеќе од 10 процентни поени во Република Молдавија, Република Северна Македонија, Перу и Катар, а по математиката, таа се зголеми во споредлива мера во Албанија, Малезија, Црна Гора, Перу и во Катар. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...