Македонските ракометарки ја совладаа Турција со 31:26 и со победа го почнаа настапот на Медитеранските игри во Тарагона.
Иако првиот дел од натпреварот мина во релативно израмнета игра, сепак Македонија на паузата замина со предност од 15:11.
Во второто полувреме македонските ракометарки ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот за победата од 31:26