Македонската ракометна репрезентација денес и гостува на Романија во реванш натпреварот од баражот за Светското првенство 2019.
Избраниците на селекторот Раул Гонзлаес имаат солидна предност од осум голови и голема шанса да излезат како вкупен победник од двомечот.
Досега Македонија има шест учества на Мундијалите и пет во низа, па ова ќе биде убава можност да се продолжат настапите на големите натпреварувања.
Од друга страна Романците се без СП уште од 2011 година, а во баражот со Македонија влегоа со големи амбиции да се прекини „постот“.
Натпреварот ќе се игра во Клуж со почеток во 17 часот и 30 минути.