Македонските одбојкари избркани од Медитеранските игри поради недолично и неодговорно однесување

4379

Македонските одбојкари пред планираното време се враќаат дома откако МОК одлучи да ги повлече поради скандалозно однесување, забававува до доцна во ноќта која им пречела на другите делегации.

Во саботата се случил скандал. Одбојкарите се забавувале покрај базенот во комплексот каде што биле сместени до доцна во ноќта. Неколку пати биле опоменати бидејќи им пречеле на другите спортисти, но тие не заминале во своите соби.

МОК добил поплаки од неколку други делегации кои се пожалиле на однесувањето на одбојкарите по што е донесена одлуката одбојкарите порано да бидат испратени дома.

– Поради недисциплина, недолично и неодговорно однесување, манифестирано во Медитеранското село, ноќта по последниот натпревар на македонските одбојкари против Шпанија, делегацијата на Македонскиот олимписки комитет на Медитеранските игри ТАРАГОНА 2018 одлучи заради овој немил настан, машката одбојкарска репрезентација пред време да биде вратена во Скопје, соопшти МОК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...