Македонските конзерватори не знаат како да се заштити Аквадуктот, ќе ни кажат странци

Министерот Исмаили побарал Аквадуктот да се стави под Управата за заштита на културното наследство.

301

Министерот за култура Хисни Исмаили побарал скопскиот Аквадукт да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство, на вчерашната владина седница.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Спомен куќата на Мајка Тереза, во врска со оштетувањата на Аквадуктот, Исмаили посочи дека таа работа треба да се координира со странски експерти, кои веќе имаат искуство од оваа област, бидејќи како што рече, нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат од „специфичен вид“.

– Од конзерваторскиот центар имавме разговори, сакавме тоа да го возобновиме што поскоро, но објектот е од специфичен вид, единствен од таква природа и нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат бидејќи немаат искуство, така што таа работа треба да се координира со странските експерти кои треба да ги повикаме и кои веќе имаат искуство од оваа област – рече Исмаили.

Тој посочи дека ќе работат на обезбедување стражарска служба и видео надзор, односно ќе направат сѐ што е во нивна можност да го заштитат Аквадуктот.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...