Македонските каратисти освоија 8 медали на ЕП во Романија

203

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго. Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција, информираа од МТКФ.

Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Г-дин. Богдан Матеи, а првенството  беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво. На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...