Македонскиот пасош подобро рангиран од пасошите на Русија, Албанија, Турција

394

На најновото рангирање на пасоши според „Henley and partners“, македонскиот пасош е рангиран на 42 позиција во оваа 2019 година.

Патната исправа на Северна Македонија  е пред пасошот на Русија, потоа на некои земји како Албанија, Грузија, Турција, БИХ, Катар, Бахраин… На последното место се пасошите на Авганистан и на Ирак.

На делба на првото место се пасошите на Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја, а потоа следуваат Германија, Данска, Финска, Франција, Италија, Шведска, Луксембург и Шпанија.

Пасошот на Косово е на делба на 95-тото место заедно со Шри Ланка и Конго.

Ова рангирање се прави според визната класификација, односно за колку земји е потребна виза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...