Првиот човек на ИВЗ Сулејман Реџепи го оценил македонскиот народ како див и без идентитет. Ваквата скандалозна изјава ја дал во обраќањето во Скопското село Арнакија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамија.
– ИВЗ нема да дозволи да биде попречувана градбата на џамии и нема да молчи за тоа. Ова поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи сулејман Ефенди Реџепи го ветил на церемонија за камен темелник на џамија во скопското село Арнакија на 14-ти март.
Во настапот пред верниците на Арнакија, преку видео поставено и на неговиот фејсбук профил викендов, Реисот со недолични зборови кон Македонскиот народ.
– Џамиите да се попречуваат и да не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, Битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кои сме во соживот. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува – вели Реџепи.