Македонскиот државјанин признал дека ја убил сопругата во Австрија

1149
ФОТО: Принтскрин / Кроне.ат / Курир.рс 

Триесет и шестгодишниот Албанец од Македонија, кој ја убил 32-годишната сопруга на паркинг пред супермаркет во Австрија, го признал убиството, пренесува „Курир.рс“.

Како што се дознало, нивниот брак, во кој добиле двајца синови од 6 и 10 години, долго бил во криза.

Наводно, бидејќи била злоставувана и малтретирана, убиената го напуштила убиецот.

Неодамна судот му забранил да им се доближува на сопругата и децата поради насилство.

Несреќната жена отишла да купи храна за децата од супермаркет, каде ја пречекал напаѓачот и со два убоди од нож во вратот, ја убил на лице место.

Неговиот брат во Македонија кажал дека целото семејство е очајно поради злосторството.

– Тој го уништи семејството. Не сакаме да го видиме. Беше зависник од коцкање, а имаше и погрешни пријатели – рекол тој.

Се претпоставува оти убиецот е близок до Исламската држава. На една фотографија го имало со поздравот/гест кои последните години го користеле терористите на ИД.

ФОТО: Принтскрин / Кроне.ат / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...