Вршителот на работите во Амбасадата на Република Македонија во Израел, Александар Аврамовски присуствувал на синоќешниот прием што го организираше израелското МНР во Ерусалим по повод преселбата на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, на кој од поканетите 86, дошле 32 земји, пренесува МКД.
„Вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Израел, присуствуваше на прием по тој повод отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, организиран од израелската страна во МНР на Израел“, одговорија од МНР на прашањето на МКД.мк за присуството на македонски претставник на приемот.
Според МНР, присуството на вршителот на работите во македонската амбасада на приемот во Ерусалим „е дел од вoобичаените дипломатски активности“.
По синоќешниот гала прием, денеска е свечената церемонија на отворање на Амбасадата на САД во Еруслаим.
„Официјални претставници на Република Македонија нема да присуствуваат на денешната церемонија на отворање на Амбасадата на САД во Ерусалим“, изјавија од МНР за МКД.мк.
Европската Унија неодамна изготви нацрт резолуција со која требаше да се осуди одлуката на амриканскиот претседател Доналд Трамп таму ја сели амбасадата од Тел Авив.
Во Ерусалим на церемонијата се ќерката на Доналд Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг.