Македонска и бугарска делегација заедно на чествување во Рим

402

Македонска и бугарска делегација со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.

Со нововостановената традиција и според утврдената програма, утре во Рим, делегациите на Македонија и на Бугарија ќе положат цвеќе пред плочата на Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.

Македонската делегација во вечерните часови ќе присуствува на прием во бугарската резиденција во Рим, а потоа сите гости ќе проследат културно-уметничка програма организирана од македонското Министерство за култура, на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Државната делегација на Македонија во Рим ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...