Не прифаќаме вонреден работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септмври, за ТВ 24 изјави универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓоргиев.
Тој посочи дека доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.
– Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата – смета Ѓоргиев.
Вонредна средба на Комисијата за историски прашања ќе бара бугарската страна откако премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред два дена побара таа да работи секојдневно и до октомври да ја заврши својата работа, изјави вчера копретседателот на Комисијата за историја од бугарска страна, Ангел Димитров.