Австралискиот весник ,,Canberra times“ во текст со наслов ,,Листа на срамот: Кои амбасади најмногу должат за погрешно паркирање“, објавува листа на амбасадите во Канбера кои направиле најмногу сообраќајни прекршоци и се најголеми должници за погрешно паркирање, објави порталот Ако.
Македонската амбасада се наоѓа на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.