Македонија e 68-ма на ФИФА ранг листата веќе три месеци

62

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

И покрај двете победи во ноемвриските дуели од Лигата на нации против Лихтенштанј и Гибралтар, “црвено-жолтите“ останаа на истата позиција каде што се најдоа уште на рангирањето на 20. септември.

Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово, напредна шест места и сега е на 131-то.

На врвот и натаму е Белгија, пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20. декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...