Македонија e меѓу најевтините земји за кампување во Европа

91

Северна Македонија е меѓу државите во Европа во кои кампувањето е најевтино, се наведува во судијата објавена од специјализираниот британски туристички сајт www.outandaboutlive.co.uk.

Во студијата, со која се опфатени околу 23.000 кампови ширум Европа, се наведува дека земјава е во група заедно со Романија, Турција, Албанија и Молдавија, каде може да се преноќи во камп за помалку од 13 британски фунти (14,69 евра).

Инаку, најевтина земја за кампување во Европа, според студијата, е Белорусија, каде ноќевање во камп чини 10,06 фунти (11,37 евра).

Од друга страна, ноќевањето во камп е најскапо во Швајцарија – 32,38 фунти (36,59 евра), по што следуваат Италија – 32,23 фунти (36,44 евра), Хрватска – 30,66 фунти (34,65 евра) и Шпанија – 29,91 фунти (33,80 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...