Македонија ќе отвори конзуларно претставништво во Малта

229

Во рамки на официјалната посета на Република Малта премиерот Заев денеска оствари средба со претседателката Марија Прека на која се разговараше за зајакнување на економските релации, но и за можноста Република Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку интензивирање на соработката на стопанските комори на двете земји.

Претседателката Прека, пак, изразила поддршка околу идејата за отварање на конзуларно претставништво на Република Македонија во Малта имајќи ги предвид зголемениот број на македонски граѓани кои работат во Малта.

Премиерот Заев по завршување на тет а тет средбата со претседателката на Малта се потпиша во Книгата на спомени во претседателската палата Сан Антон во Валета.

На средбите, македонскиот премиер бил придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, како и вршител на работите во Амбасадата на Македонија во Рим, Италија, Магдалена Димовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...