Владата подготви проект за воспоставување јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service) хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.
„Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги, по истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Македонија. Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Македонија. За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија. На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо“, соопшти Владата.