Македонија ќе воспостави дипломатски односи со Кипар

189

Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

„На маргините на конференцијата на Економист, која вчера и денес се одржува во Атина, МНР Никола Димитров разговораше со својот кипарски колега, МНР Никос Христодулидис, на кој беше договорен датумот за воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Кипар, на крајот на август, за време на овогодинешниот министерски состанок (Гимних) во Финска“, соопштија од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...