Македонија ќе влезе во НАТО во 2019, но Договорот мора да се спроведе

667

НАТО соопшти дека Република Македонија може да стане членка на Алијансата во 2019 година ако го прифати Преспанскиот договор.

Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари идната година и во почетoкот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори – нагласи генералниoт секретар.

Тој посочи дека НАТО е подготвен да ја поздрави Македонија како 30-ти член на НАТО.

– Тоа може да се случи само со одобрување на Договорот од Преспа. Преговорите за членство почнаа и очекуваме да ги завршиме во јануари идната година. Кога ќе заврши прифаќањето на Договорот, може да потпишеме протокол со ПЈРМ. Во почетокот на годината државата може да се присоедини кон Алијансата. Ги повикувам сите да пројават одговорност и да ја искористат таа можност – нагласи Столтенберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...