Македонија ја доби првата контролна против Србија

177

Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37-31 (19-13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10. до 27. јануари во Германија и Данска.

Вечерва во „ВИП арена“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42. минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27-17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.

Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.

Втората проверка се игра утре, 6. јануари, но средбата ќе биде од затворен карактер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...