Македонската репрезентација во традиционално карате од 20 до 22 април 2018 година ќе настапи на Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија.
Македонија на ова првенство ќе ја претставуваат пет каратисти и две каратистки.
Во машка конкуренција ќе настапат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Петар Костов и Димитар Витанов.
На женскиот дел од турнирот боите на нашата земја ќе ги бранат Јана и Берта Милевски.