Македонија со пораз во првото коло од ФЕД купот

64

Македонската женска тениска репрезентација ги загуби своите први натпревари против Ерменија во ФЕД купот, откако Марија Еленова беше поразена од Ана Мовсисијан со 2:1 во сетови (3:6, 6:2, 6:1) а Катарина Маринковиќ доживеа пораз од Ани Амирахијан со 2:0 (6:1, 6:3).

Ова се дуелите во Третата група на турнирот што се игра во Гамарт, Тунис.

Мечот во двојки ќе нема никакво значење околу победникот во првото коло.

Нашите тенисерки не покажаа најдобра игра и беа поразени од послабо рангираната репрезентација.

Македонија, покрај Ерменија, во група е и со Литванија и Исланд. Следните мечеви на македонските тенисерки се на 19 мај против Исланд, а дуелите со Литванија се играат ден подоцна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...