Македонија со пад од пет места на ФИФА-листата

75

Фудбалската репрезентациjа на Северна Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија.

Северна Македонија заедно со Кина е на делба на 73-тата позиција на новата ранг листа.

Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет се уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски следниот меч го игра против Израел на петти септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...