Македонија славеше со 1:0 против Финска

391

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија до 21 година забележа победа против Финска на контролниот натпревар одигран во Трнава, Словачка.

Нашата млада селекција предводена од Благоја Милевски беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено со голот на Ване Јованов во четвртата минута, кој беше и единствен гол славеше на натпреварот против Финска.

– Одигравме одличен натпревар, го надигравме противникот и заслужено победивме. Не искористивме неколку шанси и за убедлива победа. Најважно е дека се уверивме во нашите квалитети против сериозен противник и верувам дека ќе играме сериозна улога во квалификациите. Треба да продолжиме со работа и да веруваме во себе – изјави Димитар Митровски.

Фудбалерите на Милевски создадоа уште неколку прилики за удвојување на предноста, но без реализација, а целосно ја контролираа играта и во продолжението. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...