Македонија се закани со контрамерки кон Косово

За оваа одлука, како што соопшти Министерството за земјодлество, вчера , е испратен допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово. 

157

Ако Косово не ја повлече времената одлука за зголемување на царините на увезено овошје и зеленчук, Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

За оваа одлука, како што соопшти Министерството за земјодлество вчера е испратен допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово.

Според МЗШВ, во тек се преговори меѓу владите на Македонија и Косово за изнаоѓање решение за зголемените царини. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши следната недела ќе имаат средба со косовските ресорни министри, а министерот за надворешни работи Никола Димитров кој денеска ќе се сретне со државниот врв на Косово, меѓудругото, ќе се разговара и за одлуката за зголемување на царините.

„Владите на Македонија и на Косово од вчера се во постојана комуникација за изнаоѓање на соодветно решение. Во насока на решавање на проблемот, министерот Николовски е во постојана комуникација и со ресорните министри од регионот. Тие следната недела на заедничка средба ќе разговараат за изнаоѓање модел за надминување на проблемот“, информираат од МЗШВ.

Времената мерка официјално стапи во сила на 18 јули и со неа се зголемуваат за 30 отсто царините за увезеното овошје и зеленчук. Мерката ќе трае три месеци и важи за сите држави кои извезуваат во Косово. Според МЗШВ, најпогоден од оваа одлука ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите. Во одлуката го нема грозјето и други стратешки производи.

Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари – јуни 2018 година е над 2,5 милијарди денари.Увоз на земјоделски производи од Косово нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...