Македонија прва во Европа прифатила повратници од Сирија

190

САД започнале со враќање на повеќе заробени борци на ткн. Исламска држава од северна Сирија во нивните матични земји, пишува денеска Билд. Први земји кои прифатиле враќање на нивни државјани се Македонија и Казахстан, пренесува Дојче Веле.

Се работи за стотици терористи кои им се предале на милициите на Курдите (ИПГ) по освојувањето на самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака во есента 2017 година. Курдската милиција со месеци бара од САД да се погрижат за враќање на заробениците во нивните матични држави затоа што тие се дополнителен товар за нејзините ресурси: ИПГ мора да се грижи за да ги прехрани, но и да ги обезбедува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...