Македонија под нулата, најстудено во Битола -18 степени

265

Најниска температура во Македонија изутринава во седум часот е регистрирана во Битола, каде се измерени – 18 степени.

Како што информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи, -12 степени се регистрирани во Прилеп и Лазарополе, -11 во Берово, -10 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -9 во Претор и Крушево, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија и Ѓуриште,  -6 во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Пожаране, -5 во Штип, -2 во Дојран и нула степени во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 61 сантиметри, 49 сантиметри снег има во Лазарополе, 36 во Крушево, 33 во Дебар и Пожаране, 28 во Битола, 27 во Охрид и Ѓуриште, 20 во Тетово и Претор, 12 во Прилеп, 9 во Струмица, 8 во Крива Паланка и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Демир Капија, 5 во Скопје-Петровец, 4 во Виница и 2 во Гевгелија.

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Утре, како што информираат од УХМР, ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...