Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово.
Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, минус осум Крива Паланка, минус седум Демир Капија, минус шест Претор, минус пет Охрид, минус четири Тетово, Скопје Петрпвец и Куманово,
Врнежи од снег имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и Тетово, до еден сантиметар во Куманово.