Македонија напредуваше шест позиции на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест места и сега се наоѓа на 71. позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

89

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест места и сега се наоѓа на 71. позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

Напредокот на „црвено-жолтите“ се случува без тие да имаат активности меѓу двете последните рангирања на ФИФА.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195-тото место.

Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 19 јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...