Можат ли Велосипедскиот сојуз на Македонија или Советот на странските инвеститори, Социјалдемократскиот сојуз или партиите на Ромите, но пред сè Владата, како најодговорна за вкупните состојби во државата, да го следат примерот на господинот Ванхојте и, многу поодамна, светлиот пример на господинот Тричковски, и да побараат од Уставниот суд да ја оцени уставноста на Внатрешната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (во натамошниот текст: Злото) со барање да се прогласи за антиуставна категорија и да се забрани, со сите правни, политички и имотни последици што од таа одлука можат да произлезат.
Образложението на барањето можам да им го напишам јас. На десет, дваесет или колку веќе страници ќе побараат. За два милиона евра за десет страници. Пичкин дим во однос на ќарот. Давам имотни и други гаранции дека во Уставниот суд на Република Македонија тоа ќе биде убедливо најаргументираниот поднесок во историјата на уставноста и на правната наука во Република Македонија.
Континентален проблем
Истите адреси или сосема други, не е важно, поднесуваат кривични пријави против Злото како правно лице и против главните раководители на чудовиштето во минатото и во сегашноста. За злосторничко здружување и злосторнички потфат, за велепредавство, за најтешки злоупотреби на службените овластувања и демократските стандарди, за предизвикување општа опасност, за организирање терористички напади против сопствената држава, за убиства, за пљачки и многу други злодела, чие комплетирање би ја оддолжило оваа колумна до Сан Себастијан и преку него до Капо Верде на Чезарија Ајвора во Атлантикот.
Таа иницијатива може да се води и со Специјалното јавно обвинителство и посебно, но најдобро е ако работите се координираат: СЈО има комплетна документација врз чија основа партијата на Мицкоски уште утре треба да биде избришана од трговскиот регистер, а комплетните извршни и централни комитети на таа злосторничка организација, заедно со помагачите, да завршат во притвор или во затвор или на психијатрија. Во рамките на процесите што веќе се водат или врз чие покренување работи екипата на Јанева или како сосема нови случаи.
Трета иницијатива: Се бара од Европската пучка страна да ја исклучи ВМРО-ДПМНЕ од членство во оваа голема европска асоцијација на конзервативизмот.
Во образложението на овие иницијативи ќе има богата аргументација која ќе се обиде да го образложи антимакедонското, антихумано, антицивилизациското, антиевропско, дестабилизирачко и разурнувачко и терористичко дејствување на Злото, кое не е само македонско зло, туку е и континентален проблем.
Добро, и тука ќе се обврзам да ви земам некој милион, нема да може без пари како во последните педесет години, но што е тоа во однос на вкупниот ќар што ќе ѝ го донесеме на нашата мила татковина.
Четвртата иницијатива треба да биде насочена кон медиумите. Од кои треба да се бара да се изјаснат за природата на ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на тоа да го одредат програмскиот третман на оваа злосторничка инсталација.
Петтата иницијатива би била Меѓународна конференција на тема: Македонија како антивмровска категорија или Македонија и изневерувањето на принципите на ВМРО или ВМРО – ладната вода во која се тресе курот на Македонецот!
Грција беше во право
Се разбира, јас знам дека Уставниот суд на Република Македонија, не е уставен суд, како што и Кривичниот суд не е кривичен суд, ниту пак медиумите се медиуми, во таа смисла јас немам непосредни очекувања околу нивната одговорност, но она што е важно и што нема да може да се избегне, е дебата за покренатите прашања. Дури и по линија на инерцијата и дневната дразба врз основа на која функционира јавниот дискурс во Македонија: една, две, три топ-теми и само вистини за иницијативата, најмладата новинарка би можела да дочека пензија, со анкети меѓу граѓаните, што, демек, мислат луѓето, да не речам, народот, дали е иницијативата добра, дали е ВМРО зло или не е зло и така натаму, што решила некоја куротресна правосудна инстанца, дали ја напишала пресудата, кога ќе ја објави и така натаму, Владо Поповски во студиото број тој и тој, на линија ќе ја имаме Јанкулоска со бебето на нејзината цицка, ќе очекуваме вклучување на другарот Керим кој со своето шише во моментот ќе престојува во Опатија итн.
Грч програма.
Да се тргнеме малку од идиотот што шверцувал тутун и од ѓубрето на Ирена и да видиме кој ја шверцува целата држава и нашата иднина и можеме ли да се организираме да го исчистиме политичкото ѓубре, односно ѓубрето што ни е маскирано во политика. Па да лежиме на гасоводот.
Неколку работи се важни:
Прво, Македонија мора да се соочи, тоа е идејата на овие иницијативи, со својата трагичност, со трагичноста на лагата во себе, со себе како лага, со лагата од која е направена и државата и нацијата, со ВМРО, значи, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку со ВМРО, како клучен момент на таа лага, со својата неконсолидираност и со невозможноста да се консолидира во услови на демократија без да се сврти себе наопаку, како џеб кога се празни пред полицајците на историјата. Македонија мора да го извади од себе, како мало надуено мече, механизмот што емитира еднолични звуци за онеправданост, како кај уличните забавувачи со ксилофони или како се викаат тие подвижни апарати на симпатичната беда.
Врвен израз на таа свест кон која треба да се стремиме не е бегањето од Договорот, туку признанието дека Грција беше во право во спорот за името и дека Договорот од Преспа е неверојатен израз на позитивните чувства и на добрата волја кон Македонија. Кон тој врв треба да се стреми Македонија, кон таа критичка саморефлексија, кон разбивање на заблудата дека ние сме Македонија и никој друг не е Македонија, односно дека ние не можеме да бидеме Северна затоа што сме Македонија како таква, а не кон смртоносната тага и лага кон ВМРО, да ѝ го начукам во сите вмроа на Македонија, а и на Македонија како таква ако не се свести. Во принцип, говорам, се разбира, не во однос на изливот на грчките глупантропии и фашистички најави јужно од Поликастро.
Ценовник во парламентот
Пропаста на Македонија не е веќе толку драматична дијагноза колку што може да биде опстанокот на малиот смрдлив монструм на Балканот.
Графиконот на македонската национална и државна реализација има форма на пирамида при што врвот е на крајот на социјализмот. Паѓањето не е без врска со поведението на СДСМ или на другите организирани и поединечни криминали, но една работа е работа без која тој пад не би бил можен или не би бил така трагичен и стрмен: ВМРО-ДПМНЕ!
Мора да се најде начин таа флека да се тргне од македонскиот тепих, тоа гомно да се тргне од македонската веце-школка, тој скапан модар патлиџан од македонскиот ајвар, тоа неизмиено буре од македонското вино.
Митот дека се војнички организирани, дека се страшна формација, е мит, како приказната дека чавките во крошните на дабовите во Аеродром ќе ви го исерат автомобилот ако ѝ кажете на сопругата: чавко една!
Обична група гомнари!
Мислам, на што личи тоа шушкање во таканаречениот парламент. Објавете ценовник. Од страната на зеленото пазарче: пратеник милион евра, пратеничка 2,2 милиони, откупна цена на грозјето за сто евра за пола кило – 5 милиони. И така натаму. Не е проблемот во тоа што ќе пропадне Македонија, туку во тоа дека малку од малку треба да се сочува некој стил во смртта.
Да сумираме: Не можете да имате и ВМРО и држава. Дали се разбираме, бе, Македонче! Ама што ќе речат нашите предци кои се бореле за Македонија!?
Да им го начукам на предците! Немате предци! Курот мој се бореле!
Објавено во „Слободен печат“