Македонија и Трамповиот „Договор на столетието“ за наводен мир меѓу Израел и Палестинците

530

Од сите европски држави, освен онаа која денес и формално доби дозвола од Европарламентот да ја напушти ЕУ, само Македонија излезе со директна и недвосмислена поддршка за Трамповиот „Договор на столетието“ за наводен мир меѓу Израел и Палестинците.

Сите други беа ладни или воздржани.

Прво не е договор, туку е диктат, второ наводниот договор е во конфликт со Женевската конвенција, отворено крши серија резолуции на ООН и де факто прифаќа отуѓување на нечија територија, сведувајќи ја историска Палестина на 11 проценти во новата замислена палестинска држава.

За нашата држава, поточно за земја со нашата болна предунитарна историја, поддршката на ваков план е немање респект кон историјата на сопствениот поделен и раселен народ и тешкиот пат до независност.

Може да се толкува и дека ние подобро од сите знаеме што се алчни и грди соседи, па демек ја прифаќаме суровата реалполитика, ама сепак, тоа е слаб аргумент.

Факт е дека реалноста на теренот и повеќе од 50 години бојкотирање од страна на Палестинците не игра во нивна полза, но ваква потрага по мир, може само да доведе до поголем немир.

Со други зборови, планов наликува дека е направен за да не може друго освен да биде одбиен. И очигледно и тоа се посакува.

Македонија со оваа поддршка испаѓа смешна, покрај својот веќе безначаен сервилизам кон една страна. Нашето одење постојано контра европските политики и позиции, евентуално ќе ни наштети, иако и понатаму уживаме огромна поддршка од бројни земји, од Германија пред сите.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...