Македонија и Косово ќе потпишат 15 нови договори

324

Владите на Македонија и на Косово наскоро треба да одржат заедничка седница, на која се очекува да бидат потпишани 15 нови меѓудржавни договори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „Епока е Ре“ изјави дека со договорите се предвидува соработка во областа на правото, безбедноста, здравството и економијата.

Аналитичарите Блерим Река и Имер Мушколај во изјава за весникот ја поздравиле иницијативата за заедничка меѓувладина седница, но нагласиле дека е потребно спроведување на веќе потпишаните договори.

Според нив, потребни се конкретни чекори за олеснување на животот на граѓаните од двете страни на границата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...