Македонија и врачи протестна нота на Унгарија за бегството на Груевски

507

Во Министерството за надворешни работи денеска бил повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски.

Целта на средбата била предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.

-Во таа прилика, државниот секретар Димовски изрази надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него – пишува во соопштението од македонското МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...