Македонија и Албанија ќе воведат заеднички контроли на Ќафасан

176

За можноста за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства разговарале денеска во Поградец министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сандер Лешај.

Ваков проект  т.н. „One stop control“ е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси, соопшти МВР.

Спасовски и Лешај на средбата ја потенцирале одличната соработка  меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции.

Се договориле соработкатата меѓу граничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред се преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...