Македонија и Азербејџан ќе ги укинуваат визите

89

Во блиска иднина Македонија и Азербејџан ќе започнат преговорите за целосно укинување на визите за куси престои за граѓаните на двете земји, најавија од Владата откако премиерот Зоран Заев, вицепемиерот Бујар Османи и министерот за култура Насер Нуредини на маргините на Генералното сорание на ОН се сретнале со шефот на делегацијата и министер за надворешни работи на Азербејџан, Елмар Мамадиаров.

Укинувањето на визите се најавува како една од првите мерки за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено во енергетиката со Азербејџан како земја која е партнер на Транс-Јадранскиот гасовод (TAP-Trans-Adriatic Pipeline).

Исто така, како што соопштија од владината прес-служба, Заев изразил поддршка за реформите и дијалогот што Азербејџан го остварува во рамки на Акцискиот план за партнерство со НАТО, како и за определбата на Азербејџан да постигне заеднички политички приоритети со Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...