Македонија е на 82 место на светската листа на УНДП за човечки развој со индекс на човечкиот развој од 0,759. Лани земјава била на 81 место.
Споредена со регионот, земјава е зад сите земји од регионот, а местото го дели до Алжир и Перу.
Словенија е на 24 место, Грција на 32, како и Бугарија и Црна Гора, кои го делат 52 место, Србија е на 63 место, Албанија на 69 позиција, а Босна и Херцеговина на 75 место.
На прво место на листата на најновиот извештај на УНДП е Норвешка, со индекс 0,954. Во таа земја се највисоки сите критериуми, и БДП по глава на жител, и животниот век, но и образованието и здравството. По неа следуваат Швајцарија, Ирска, Германија и Хонг Конг, кој е на петто место.
Последните три најслаби места, пак, се за Чад, Централно Африканската Република и Нигер, која го зазеде неславното 189 место.
Листата се прави врз основа дали земјата има многу висок, висок, среден или низок човечки развој, врз основа на фактори како што се бруто домашниот производ по глава на жител, животниот век, образованието, како и здравството.