Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година – загуби со 1:0 од првопласираната селекција во нашата група, Полска.
Стрелец на единствениот погодок беше Криштоф Пјонтек во 47. минута од натпреварот кога ја удри топката која заврши зад грбот на Столе Димитриевски.