Македонија загуби од Турција на Европското одбојкарско првенство

132

Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство (ЕП) во Словенија, откако со 3-0 (25-20, 25-23, 25-13) сетови загуби од Турција.

Неискуството на нашиот тим повторно си го кажа својот збор, но недостасуваше и борбеноста која ја видовме вчера против тимот на Финска.

Турција лесно дојде до триумф над македонската селекција, откако играше далеку подобро во нападот, подобри беа при контрите и играа подобро на блок.

Следниот меч за нашата селекција ќе биде утре, сабота од 17:30 часот, кога се среќаваме со фаворитот во групата Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...