Македонија е на осмо место во светот по најголем број на иселени квалификувани лица, појава позната како одлив на мозоци.
Магазинот “The Economist” објави податоци од извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум за 2018 година кои покажуваат големо иселување на квалификувани и образувани луѓе, a речиси половина од списокот со десет држави го сочинуваат токму земји од нашиот регион.
Најлошо стои Босна.
На списокот предводат Хаити и Венецуела, додека пред Македонија се Хрватска и Романија, а од регионот, најмногу одлив на мозоци има во Босна.
Клучни причини за иселувањето на младите квалификувани кадри се малите плати и невработеноста.