Македонија доби позитивно мислење од Венецијанската комисија за судските реформи

296
Македонија доби исклучително позитивно мислење од Венецијанската комисија за измените во Законот за судовите, соопшти Министерството за правда по завршувањето на денешната седница на Венецијанската комисија. Оттаму додаваат дека мислењето било усвоено на седницата.
„Венецијанската комисија истакна дека најголемиот број од мислењата дадени во претходни години се сега имплементирани во законот кој влезе во собраниска процедура. Целта на овие измени на законите е усогласување со европските стандарди.Како клучни измени во делот на Законот за судови, се измените коишто се однесуваат на основите за утврдување дисциплинска одговорност кај судиите. Постојат повеќе придобивки од измените на Законот за судови: нови и заострени критериуми за избор на судија, се врши редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите“, се наведува во соопштението на министерството.
Оваа недела министерката за правда, Рената Дескоска истакна дека очекува измените да ги поддржат сите 120 пратеници во законодавниот дом.- Се надевам дека сите 120 пратениците ќе имаат доблест и сила да ги поддржат овие измени, бидејќи тие се веќе верификувани од Венецијанската комисија, којашто ја цени усогласеноста на законската регулатива со европските стандарди -истакна Дескоска.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...