Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го почнува своето учество на Европското првенство.
Македонската репрезентација е дел од Б групата и ќе игра во Штадхале-Виена, против Украина, Чешка и Австрија.
Прв противник на 14. издание на континенталното натпреварување е селекцијата на Украина. Мечот започнува од 20.30 часот, а ќе се одигра во „Винер Штадхале“ арената во Виена.
Против Украина играме за првпа на едно големо натпреварување, а во минатото двете селекции четири пати се сретнале во квалификациите за пласман на големите натпреварувања.
Европското првенство за прв пат се одржува во три земји – Австрија, Норвешка и Шведска и за прв пат со 24 селекции.
Селекторот Данило Брестовац вчера ги соопшти имињата на 18 ракометари на кои ќе смета на првенството:
Борко Ристовски (Бенфика)
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Лудвигсхафен)
Дејан Манаскон (Веспрем)
Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер)
Филип Талески (Балинген)
Филип Кузмановски (Магдебург)
Горан Крстевски (Линц)
Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер)
Кирил Лазаров (Нант)
Мартин Серафимов (Металург)
Марио Танкоски (Металург)
Марко Мишевски (Гренобл)
Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт)
Мартин Поповски (Пролет 62)
Стојанче Стоилов (Вардар)
Жарко Пешевски (Битенелд/Штутгарт)
Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер).
Резерви ќе бидат голманот Томовски и бекот Серафимов.
Најдобриот пласман на македонските ракометари на ЕП засега е петтото место во Србија во 2012 година