„Македонија блокира“ од петок ќе блокира и крстосници во Скопје

656

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ќе ги прошират активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски.

Од „Македонија блокира“ го повикуваат премиерот Зоран Заев да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од нив. Тие бараат распуштање на Собранието и распишување нови избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...