Пред Собранието нистовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира”.
– Ова што се случува во Собранието денеска е класична узурпација на она се што значи македонизам. Пратениците веднаш да го напуштат Собранието. Заев да си поднесе оставка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на народот – рече Ончев.
Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот.