Македонец загина додека менувал гума на автопат

1961

Дваесет и четиригодишен Македонец загинал во Швајцарија, откако бил прегазен додека менувал гума на комбе.

Македонецот бил испратен да му помогне на возачот на комбето, кој пријавил дека му е потребна помош поради дупната гума.

Додека ја менувале гумата, на нив налетало возило „алфа ромео“ управувано од врсник на загинатот.

Наводно, човекот зборувал на мобилен телефон кога удрил во несреќните луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...