Србин се обидел да убие човек во Бугиба во Малта, пренесуваат српските медиуми.
Како што се наведувало, повредениот крвав влегол во болницата „Матер деи“. Тој наводно се расправал со непознат маж, па потоа бил избоден со нож. Повредениот сега се наоѓа во критична состојба.
Полицијата веднаш тргнала да го бара напаѓачот, но досега немала успех во потрагата.
Таа замолила сите кои имаат било каква информација за напаѓачот, да пријават во најблиската полициска станица.
Според ТВМ, нападнатиот е 58-годишен Македонец.