Македонецот сам ја реши судбината на Македонија!

Повеќемесечниот кошмар на Македонија помина. Победи разумот. Редно беше еднаш Македонецот сам да си ја реши судбината на Македонија. Редно беше!. И тоа го направи.

689

На крај победи разумот. Тешко ама победи. Разумот го победи инатот. Македонија победи. Наротот победи! Со гласот на пратениците, победи. Тие само кренаа рака. Со десетте гласа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, победи Македонија.

Како сака некој да ги нарече тие се надминаа и за доброто на Македонија кренаа рака. Храбро. За челниците се предавници но, за македонскиот народ се херои. Тие се надминаа себе си и гласаа. Но, не онака како што им „нареди“ Мицковски.

А тој, што на колена молеше, и оние околу него, изгубија. Иако знаеа дека не можат да водат војна со целиот Запад, упорно бараа амнестија за „вождот“. За да го спасат од затвор поради обвинувањата за украдените милиони народни пари. Бараа спас. А кога нема да се исполнат наредбите на диктаторот, сега се свесни дека за нив ќе има и последици.

Со овој голем чекор на Македонија изгуби само Мицковски, Јанушев, Николовски и другите кои до последен момент, за да ги исполнат наредбите, правеа се Преспанскиот договор да не биде прифатен и да не се даде глас за промени на Уставот. Говореа! Не може Заев да биде победник, а Груевски или Мицковски да бидат губитници!? Тоа најмногу ги боли, а забораваат дека со инатот изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Во очите на оние од Запад, на оние кои ги убедуваа дека местото на Македонија е во Европа, за нив ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да постои!?

И што направи господинот Мицковски? Не го спаси Груевски од затвор, го извалка името на Партијата, ги раскара членовите. За него и неговите пулени, се чини, повеќе место во ВМРО-ДПМНЕ нема. Им се лутат на оние неколкумина сопартијци, кои кренаа рака, за доброто на Македонија. Разочарани се и не се задоволни. Победени се. Треба да го признаат поразот. Не треба да очајуваат. Треба да подадат рака на помирување и заедно како вистински Македонци да ја водат Македонија кон подобро. Дали тие или другите се во право ќе се види!. Но, Македонија, по долги години тапкање во место , направи чекор напред. Се помрдна кон Европа . Го напушта змијарникот. Го послуша гласот на големите и богатите. Направи чекор да биде со нив!

Премиерот Зоран Заев рече дека не победи ниту СДСМ ниту ВМРО. Победници се сите, а најголем победник е македонскиот народ. Победи зашто преку глава му дојде и од сиромаштија и од блокади. Доста му беа бугарски пасоши. Доста се плашеа дека некои сака повторно да ја дели Македонија. Македонија сега ќе има сигурни граници и ќе биде Држава призната од сите во светот. ВМРО-ДПМНЕ не е поразен. Во интерес на Македонија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потребно е помирување!

Договорот со Грција е прифатен. Прифатено е новото име Република Северна Македонија. Престојат Уставни измени. Првиот чекор е поминат. Престои уште многу работа. Амандманите се на ред. Но не треба да се заборават и реформите.

Повеќемесечниот кошмар на Македонија помина. Победи разумот. Редно беше еднаш Македонецот сам да си ја реши судбината на Македонија. Редно беше!. И тоа го направи. Заеднички решија да ја извадат Македонија од калта и да и го отворат патот кон НАТО и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...